Празничен концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар

Гостивар, 6 септември 2024 (МИА) – Во чест на државниот празник, 8 Септември-Ден на независноста, градското културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“, вечерва одржа целовечерен концерт. Во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“ членовите на фолклорните ансамбли и солистот Јовица Николоски изведоа и повеќе традиционални ора и песни.

– Македонските народни ора, песни и музика ја одбележуваат нашата вековна традиција. Тие се обележје на нашиот народ и култура. Со нив се претставувавме пред светот, со нив ќе празнуваме и ќе другаруваме, беше кажано на концертот.

Во поздравниот говор во името на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ беше наспоменато дека Македонија на 8 Септември го слави својот 33 роденден од својата сувереност, независност и самостојност и дека овој државен празник заслужува почит, благодарност и внимание.

Синоќа во рамки на активностите за одбележување на празникот во градскиот парк под отворено небо беше прикажан и играниот филм „Те дуа, жими мене“.

Коментарите се затворени.