Тамара, гостиварската дива уште еднаш блесна како светска ѕвезда (ВИДЕО)

Гостивар 10 септември 2024 – Гостиварката Тамара Грујеска уште една блесна и воодушеви со интерпретација и настап во живо. Таа на сцената, пеејќи во живо на интернационалниот музички фестивал MUSICLAND кој се одржа во Охрид и Битола во придружба на камерниот оркестар од Битола ги откри вокалните квалитети. На снимката која неодамна се појави, забележливо е дека публика, но и сите останати гости кои беа дел од овој фестивал уживаат во нејзиното пеење.

Овој настап на Тамара е значаен, бидејќи трае пет дена и има натпреварувачки карактер со учество на повеќе од 80 учесници. Од нив се избираат 15 најквалитетни кои влегуваат во финалето на овој интернационален музички фестивал. Тамара настапи со еден од најголемите светски хитови, со песната I SEE RED на Everybody An Outlaw.

За Radio G, Тамара Грујеска изјави дека чувството да се пее пред полна сала со камерниот оркестар од Битола под водство на диригентот, маестро Димовски е навистина неописливо со зборови и дека тоа треба само да се доживее.

– Пеењето во живо со ваков оркестар за мене е нешто најдобро што може да го почувствува млад музичар кој сериозно ја сака музиката како идна професија, рече Тамара.

Таа на сцената блесна во креациите на модното ателје ivaspasovskaatelier (Ива Спасовскa) со кое соработува од неодамна. Веќе е договорена подолготрајна соработка која ќе се види на нејзиниот следен видеозапис. Станува збор за новата песна која со забрзано темпо се подготвува во студиото на Роберт Билбилов и се очекува дека ќе се објави на почетокот на октомври.

Тамара наскоро ќе настапи и ќе ја претставува Македонија на интернационалниот на престижен музички фестивал GREECE’s HOPE – International Festival во Грција кој се одржува од 25 до 29 септември, во гратчето Náfplion.

За „гостиварската дива“ следува период со многу работа, снимање на неколку песни и спотови како и настап и на повеќе фестивали и концерти. Тамара за сите настапи се подготвува со нејзиниот ментор по пеење, професорката Андријана Јаневска.

Како горд претставник на Гостивар и Македонија ќе настапи и на најголемиот ON LINE BRAVO FESTIVAL во Европа поточно во Шпанија. Од нејзиниот тим информираа дека повеќе детали ќе споделат наскоро.

Видео снимката од настапот на Тамара на Musicland може да се погледне подолу

 

Коментарите се затворени.