ЈАВЕН ПОВИК ослободување од плаќање за престој во градинка на деца на самохрани родители
Гостивар, 24 октомври 2024 – Во тек е јавниот повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на редовно запишани деца во гостиварските градинки наменето за самохрани родители. Трошоците ќе ги покрие
ХЗ „д-р Трајче Нешковски”. Повикот ќе трае до 12.11.2024 година.
Од здружението информираа дека овој гест е дел од активностите на во рамки на предвидената програма и се однесува на лицата кои се заинтересирани за ослободување од плаќање на надоместокот.
Право на партиципација се остварува за дете кое е редовно запишано и посетува градинка, а е од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица и живеат на територија на Општина Гостивар.
Самохрани родители кои влегуваат може да остварат ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца се:
-Eден од родителот е починат
-Eден од родителот е непознат
–Дете од разведен брак
За да оствари право на користење, подносителот на пријавата – самохран родител треба да ги исполни критериумите, за остварување на правото за ослободување на плаќање надомест за престој на деца во ЈУГД „Детска радост„ Гостивар.
Заинтересираните теба да ги приложат следните документи:
– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата
– Потврда за просечна плата на самохраниот родител за последните три месеци
-Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;
-Фотокопија од извод на матична книга на родени на детето
-Доколку едниот родител е починат, фотокопија од извод на матична книга на умрени
-Доколку родителите се разведени, доказ за престанок на брак
Пријавите со документацијата треба да се достават на три начини: преку електронска пошта на [email protected], со порака на фејсбук страна “Хуманитарно здружение на граѓани “др. Трајче Нешковски” Гостивар” или во запечатен плик на кој е назначено дека е за Јавен повик – за пројавување интерес за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈУДГ „Детска радост“ Гостивар, на адреса ул. Никола Парапунов бр. 207-3 Гостивар.
Изборот ќе го врши комисија формирана од Здружеието, по принципот „прв дојден, прв услужен“, а предност ќе имаат самохраните родители кои се социјално загрозени или припаѓаат на дополнителна ранлива категорија.
Оваа мерка ќе трае до исцрпување на средствата на здружението предвидени за таа намена.
Хуманитарното здружение на граѓани “др. Трајче Нешковски” Гостивар склучи меморандум за соработка со ЈУДГ “Детска Радост” Гостивар, со кој се обврзува да ја преземе обврската на заинтересираните родители кои ги исполнуваат условите во повикот за ослободување од плаќање на надомест за престој на редовно запишаните деца.
Повикот ќе трае до 12.11.2024 година.
Коментарите се затворени.