Тамара Волческа ќе пее на МАКФЕСТ (ВИДЕО)
Гостивар, 24 октомври 2024 – По подолга пауза, повторно гостиварско грло ќе запее на МАКФЕСТ. Тамара Волческа на новото, 39-то издание на еден од најреномираните фестивали за поп-музика ќе настапи утре 25 октомври. Таа ќе биде меѓу петнаесетте изведувачи кои ќе се потрудат да обезбедат влез и на финалната вечер во сабота.
Тамара со песната „Кажи ми да знам“ треба да ги освои срцата и симпатиите во дебитантската вечер и да застане на сцената со поистакнати изведувачи од македонската поп сцена.
Изминатиов период Тамара стави својот печат на кариерата и преку своите емотивни песни, на кои самата се потпишува зад музиката и текстот. Нејзините песни ги слушаме редовно на 106,4 и се добро прифатени од слушателите.
Radio G ѝ посакува уште еден успех да новата песна да стане хит. Секако очекуваме таа прозвучи гласно на сцената во салата на „Ацо Шопов“ во Штип.
Утре на првата вечер настапуваат 15 изведувачи, а само 6 од нив ќе настапат и во сабота. Фестивалот ќе се емитува во живо на МРТВ. Да навиваме за Тамара и да ѝ бидеме поддршка и ставете „лајк“ дека гостиЈарска работа
тука е линкот со најавата за дебитантската песна на Тамара
Коментарите се затворени.