100 години од раѓањето на народниот херој Панче Попоски

Гостивар, 25 ноември 2024 – Со пригодна програма во сабота (30.11.2024) на иницијатива на роднини и Сојузот на филателисти на Македонија ќе се одбележат 100 години од раѓањето на народниот херој Панче Попоски.

Во поканата за настанот стои дека чествувањето ќе започне со оддавањето на почит од 10:15 часот во холот на Центарот за култура АСНОМ, а програмата ќе продолжи во малата сала. Организаторите упатија отворена до сите почитувачи на делото на Панче Попоски. Настанот е поддржан од општина Гостивар.

Роден е во 1924 година во Гостивар. Се школувал во родниот град, во Скопје и Ниш. За време на окупацијата, се враќа во 1942 година и учествува во организирање на партизански одреди. Наредната година станува борец во ослободителната војска и имал истакнати функции. Загинал во јули 1944 година во борбите за ослободување на Дебар. Десет години подоцна е прогласен за народен херој на СФРЈ.

Коментарите се затворени.