ОСТУ Гостивар: Чествување на Св. Климент Охридски

Гостивар, 6 декември 2024 – Пригодна свеченост беше организирана во пресрет на државниот празник 8 декември, (Свети Климент Охридски) во аулата на средното техничко училиште. Претпладневно учениците и нивните ментори низ богата програма го одбележа раѓањето на овој просветител. Празничната програма пред наставниците, родители, ученици и гости ја збогатија и членовите на ГАКУД Браќа Ѓиноски со изведба на фолклорни точки.

Учениците прочитаа неколку поетски творби кои ги напишале во чест на празникот, а впечатлива беше и драмската изведба на житието за овој светец.

Во рефератот беше кажано колку голем значење има Свети Климент во македонската култура и историја и дека го продолжил делото на светите браќа Кирил и Методиј. Периодот во кој живеел се нарекува и златен век на словенската култура и писменост. Тој е познат и како првиот словенски македонски епископ.

Училишната управа додели благодарници на поединци кои годиниве наназад соработувале и ги поддржувале активностите на оваа установа. Меѓу нив и локалната радиостаница Radio G.

 

 

Коментарите се затворени.