Хуманитарна предновогодишна акција: Здружението When in Trouble го донесе Дедо Мраз на мотор

Гостивар, 18 декември 2024 – Во организација на Здружението When in Trouble и годинава се одржа предновогодишната забава за децата посебни потреби. Оваа, тринаесетто по ред дружење беше дополнето со доаѓањето на Дедо Мраз и неговите двојници на мотоцикли кои ја влечеа приколката со подароци. На ручекот во ресторанот „Пела“ децата се дружеа со „неочекуваните посетители“ кои им ги врачија и новогодишните пакетчиња.

Пред забавата, тимот на When in Trouble имаше средба со корисниците во Дневниот центар на кои истотака им поделија новогодишни пакетчиња. Активистката и хуманитарка, Билјана Беловинова искажа благодарност до хуманите соработници кои со идеи и материјално ги помогнаа предновогодишните активности на здружението. Како што посочува, благодарение на нив, оваа година собрани се над двесте пакетчиња.

– И оваа година во соработка со поединци и компаниите кои нè поддржуваат организравме хуманитарната забава која станува сè поинтересна. Годинава Дедо Мраз пристигна на мотор и ги донесе подароците со украсена приколка. Се надевам дека догодина ќе успееме да обезбедиме уште повеќе, рече претседателката на здружението, Билјана Беловинова упатувајќи благодарност до сите кои ги поддржуваат и помагаат овие активности.

Деновиве се планирани посетат и децата во „Блу пазл“ центарот за аутизам, децата пациенти кои се лекуваат на Одделението за педијатрија во гостиварската болница и неколку семејства од социјално ранливи категории.

Коментарите се затворени.