Патиштата до три планински села во општина Гостивар наскоро ќе бидат проодни
Гостивар, 13 јануари 2025 (МИА) – Локалните патишта до три села кои заради снежните врнежи беа, непроодни наскоро ќе се бидат пробиени, вели вд градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани. Тој појасни дека од почетокот на интензивните врнежи, договорениот оператор и јавните претпријатија работеле интензивно на терен и денес. Во текот на денот ќе се работи и на проодноста до селата Корита, Куново и Долно Јеловце.
– Уште од најавите за снежни врнежи, односно завчера економскиот оператор и екипи од јавните претпријатија започна а да делуваат во рамките во административните граници на Општина Гостивар. Така е и денес, тоа значи сите патишта кои се на територијата на Општина Гостивар се чисти проодни, рече Лимани.
Првиот човек на општина Гостивар потврди дека имало пријави за непроодност до неколку планински населби, но како што бил информиран, екипи со механизација веќе се на терен и работат на расчистување на снегот од коловозите. Градоначалникот Лимани информираше дека за чистење и одржување на патиштата во зимскиот период се издвоени пет милиони денари без ДДВ. Тој испрати апел до граѓаните за зголемена претпазливост и да не ги користат своите возила доколку тоа не е неопходно.
Коментарите се затворени.