ЛСП препорача да се мие калта од улиците

Гостивар, 28 јануари 2025 – Локалниот совет за превенција одржа состанок на кој се дискутираше за хигиената по градските улици по поплаките на граѓаните. Членовите на советот (ЛСП) констатираше дека градежните работи за изградба на Коридорот 8 значително ја влошува состојбата и придонесува за таложење на кал по сообраќајниците и дека проблемот бара поенергично решевање.

Градоначалникот Ваљбон Лимани посочи дека на состанокот се разговарало за мерките кои компанијата што ги изведува градежните работи во Коридорот 8 и да создава нечистотија по улиците на градот Гостивар.

– На средба со раководството на компанијата, пред состанокот на ЛСП, ни беше ветено дека ќе постапува согласно важечките закони и прописи. За да следиме како ќе се спроведуваат мерките, на состанокот се договоривме да се формира оперативна група. Разговаравме и за мерките што треба да се преземат за справување со вандализмот и уништувањето на урбаната опрема во градот, рече Лимани.

Тој напомена дека од компанијата Бехтел и Енка е побарано да се делува во наредните две недели и дека нивни екипи ќе помагаат на ЈП „Комуналец“ во одржувањето на хигиената.

Од локалната самоуправа било посочено да се спроведуваат законските обврски и да се почитуваат правилата за заштита на животната средина.

Од состанокот на ЛСП произлезе заклучок да се формира оперативна група која ќе ја следи состојбата и спроведувањето на препорачаните мерки за зачестено миење на улиците во овој период.

Покрај претставници на локалната самоуправа на состанокот на ЛСП присуствуваа и претставници на Дирекција за заштита и спасување, ОЈО, противпожарната единица, Центар за управување со кризи и невладини организации.

 

 

Коментарите се затворени.