Општина Гостивар и градоначалникот организираа ифтарска вечера за верниците

Гостивар, 14 март 2025 – Локалната самоуправа и градоначалникот Ваљбон Лимани организираа ифтарска вечера за верниците муслимани. Рамазанската вечера беше послужена на отворено по улицата која води од саат кулата до градскиот плоштад и беа послужени поголем број на граѓани.

На поканата на градоначалникот Лимани се одзваа и цели семејства кои заеднички седна на поставените маси и столови.

Во обраќањето првиот човек на општината напомена дека ваков настан за прв пат се организира по повод на рамазанските пости и посака во иднина ова да стане традиција која ќе ги зближува верниците.

На вечерата беше и гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели кој се заблагодари на добрата организација и иницијативата.

Коментарите се затворени.

Radio G