Во Дутлок се реконструираат две улици
Гостивар 11 април 2025 – Градежни зафати за реконструкција се во тек на две улици во јужниот дел од градот чија вредност надминува 30 милиони денари. Првиот човек на општината, придружуван од соработниците и неколкумина членови на општинскиот совет беа на терен и се запознаа со текот на работите.
Реконструкцијата на улиците е дел од програмата за поддршка на општинските инфраструктурни инвестиции. Нов асфалтен слој на коловозите и тротоари наскоро ќе добијат улицата „Никола Тесла“ (кракот од гимназија до крајот со должина од 450 метри) и улицата „Сервет Бајрами“ (од Дутлок до Долна Бањица во должина од 770 метри).
– Со овие зафати на двете улици на кои се врши целосна реконструкција, на жителите во овие населби ќе им понудиме подобри услови и побезбедно движење рече вд градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.
По увидот на работите Лимани беше придружуван од министерот за здравство Арбен Таравари во изјавата за медиумите најави два крупни зафати во инфраструктурата
– Подготовките и процедурите околу одобренијата за реконструкција на булеварот „Браќа Ѓиноски“ се завршени. Се надевам дека наредната недела ќе започнат работите. Очекувам наредната недела да започнат работите и на улицата „Беличица“, рече Лимани.
Коментарите се затворени.