Млади таленти со четка на платно го одбележаа Светскиот денот на уметноста
Гостивар, 15 април 2025 – Дваесетина средношколци со талент за сликање создаваа дела во холот на центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар како дел од едноденвната ликовна колонија. Настанот го организираше одделот за ликовна уметност при Центарот за култура „АСНОМ“.
Луљета Усеини, координатор на одделот, појасни дека оваа активност се организира трета година и има мултиетнички карактер. Темата за творење беше слободна, а младите автори се користеа со повеќе сликарски техники. Таа посочи дека учесниците се многу креативни и талентирани за цртање, но им треба поддршка и стимулација.
– По повод Светскиот ден на уметноста, ја организираме оваа мултиетничка колонија со ученици од средното техничко (ОСТУ) и економско училишта (СОЕУ). Заради временските услови нема да се слика на плоштадот како минатата година, рече Усеини.
Сликарското умеење и вештини на младите уметници можеа да го видат и граѓаните во своевидното отворено ателје. Овој проект финансиски е поддржан од Министерството за култура.
Светскиот ден на уметноста 15 Април е во чест на големиот уметник, научник и иноватор Леонардо да Винчи. На Светското генералното собрание на Меѓународната уметничка асоцијација што се одржало во Мексико, претседателот на турскиот Национален комитет предложил роденденот на Да Винчи да се прогласи за Светски ден на уметноста. Така во 2012 година за прв пат светот почна да го одбележува Светскиот ден на уметноста во повеќе земји, а во 2015 година за првпат и во Македонија.
згм
Коментарите се затворени.