Монументот на кеј „вапсан“ за Велигден
Гостивар, 16 април 2025 – Несекојдневна иницијатива за украсување придонесе за дополнување на празничното расположение во градот. Еден од поновите градски симболи, монументалниот натпис I Love Gostivar денес беше насликан со велигденски мотиви. Новата креација на десниот брег на Вардар е дело на активистите во Хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“.
Од здружението посочија дека иницијативата за цртањето на мотиви и пораката на срцето на монументот била прифатена и поддржана безрезервно. Бетонското срце е обоено во црвено и врз него е испишана честитка.
– Преку оваа симболична, но значајна активност, упатуваме искрена честитка до сите граѓани од православни христијани – со желби за добро здравје, мир во душата и младост во срцето. Во убавината на различностите ја наоѓаме вистинската сила на заедништвото. Нека овој празник нè зближи уште повеќе.
Како што ја боиме велигденската радост на срцето од Гостивар, така да ги обоиме и деновите пред нас – со љубов, надеж и заедништво. Среќни велигденски празници, напишаа од ХЗГ „Д-р Трајче Непковски“.
згм
Коментарите се затворени.