Алијанса на Таравари формира изборен штаб во Гостивар, прв човек Исак Љазами
Гостивар, 7 мај 2025 – Крилото на Алијансата за Албанците што го предводи Арбен Таравари од вечерва ги започна подготовките за претстојните избори. Првиот изборен штаб е формиран во Гостивар, а наскоро и во останатите општини.
– Процесот започна во Гостивар, каде што за претседателот на изборниот штаб е назначен Исак Љазами. Тој ќе ја води организацијата и координацијата на изборите во општина Гостивар. Се очекува овој месец штабови на АА да се формираат и во сите ограноци, стои во соопштението на партијата.

Како кандидат за градоначалник најголеми изгледи има актуелниот вршител на должноста, Ваљбон Лимани. Тој според лидерот Таравари е потенцијален кандидат, бидејќи како што кажа во неколку наврати, Лимани е како личност многу ценет и сакан од граѓаните на Гостивар и има широка поддршка поради својата работа и посветеност.
Коментарите се затворени.