Отворени денови во гостиварската гимназија за полуматурантите
Гостивар, 13 мај 2025 – Во неколку кабинети и холот на СОУ Гостивар (гимназија) имаше презентација на знаењата и вештините кои гимназијалците ги стекнале. Публика им беа ученици од завршните класови на основните училишта, кои наскоро треба да продолжат со образованието.

Домаќините го претставуваат своето училиште на таканаречените отворени денови со цел да ги привлечат идните гимназијалци. Директорот на гостиварската гимназија, Мирсад Исеини, рече дека оваа активност има за цел да ги информира учениците од основните училишта и нивните родители за квалитетите што ги нуди ова училиште и притоа да им се олесни во одлуката каде ќе се насочат
– Со програмата што ја нуди училиштето е единственото средно училиште кое по завршувањето на матурантите има овозможува учениците можат да се запишат на кој било факултет, вели директорот Исеини.

Гостиварската гимназија е основана во 1960 година. Секоја генерација има 11 паралелки, од кои седум се за настава албански јазик, а по две на македонски и турски јазик. Моментално, има над 120 вработени наставници кои држат настава на три јазици. Денес во „гимназија“ беше организиран „отворен ден“ за децата кои планираат да се запишат за настава на албански јазик. Деновиве ќе се организираат и по еден за децата чиј мајчин јазик е македонскиот и турскиот јазик.
Коментарите се затворени.