Отворен ден во ОСТУ Гостивар (индустриско): „Овде не се учи само од книги – туку и од искуство“
Гостивар, 29 мај 2025 – Средното техничко училиште ОСТУ „Гостивар“-Гостивар ги отвори вратите за полуматурантите – идните техничари, иноватори и лидери. Овој средношколски центар од година во година станува привлечен за полуматурантите и се зголемува бројот на ученици. Ученици споделија искуства, покажаа проекти и ги инспирираа идните генерации со својот ентузијазам и знаење.

Настанот помина во духот на младоста со игри и награди, забава, смеа и многу насмевки. Денот во „индустриско“ помина знакот на пријателство, добредојде и нови почетоци. Вработените и учениците беа вистинска слика на енергијата што ја носи училиште веќе генерации генерации.
Координаторот за практична настава, кој воедно е и професор по машинство и дипломиран машински инженер, им се обрати на полуматурантите со силна порака: „Овде не учите само од книги – туку и од искуство, терен и реални проекти!“
Таа ги запозна гостите со реалните можности за пракса во соработка со локални компании, каде учениците стекнуваат вештини што директно ги подготвуваат за пазарот на труд.
– Платена пракса,
– Патувања и екскурзии,
– Натпревари на државно и меѓународно ниво
– Стипендии месечно по 3.500 денари за секој ученик што ќе се запише.
Меѓу другото беше кажано дека ова не е само училиште туку прв чекор кон успехот и поддршка од професионалци.
„Секој ученик тука има шанса да се истакне, да учи преку пракса и да гради иднина со сигурни чекори“

Професорите на идните средношколци им посочија да градат кариера со предизвици, технологија и реални вештини, да стекнат образование што отвора врати и гради карактер.
На пригоден и впечатлив настан вработените и учениците ги претставија насоките што го градат патот кон успехот, знаење и професионален развој.
За секоја образовна струка годинава имаше слоган и посебни штандови кои на атрактивен и популарен начин беа презентирани профилите
Машински насока – Сила што гради светови!
Твоите раце ќе ја претворат замислата во реалност.
Од метал до иновација – машинството е срцето на индустријата.
Запиши се и стануваш дел од генерацијата што ќе гради, создава и унапредува!

Електротехничар за енергетика – Моќта е во твоите раце!
Светот не може без енергија – а ти можеш да бидеш оној што ја создава, управува и трансформира.
Од обновливи извори до напредни системи – биди дел од енергетската револуција!

Мехатроника – Таму каде што машините размислуваат!
Соедини електроника, механика и компјутерска интелигенција во една професија.
Идеален избор за идни инженери кои сакаат технологија што се движи, мисли и создава.
Од роботи до паметни фабрики – твојата креативност ќе го води идниот свет.

Архитектура – Од идеја до облик!
Сонуваш за убави згради, паметни простори и инспиративни форми?
Архитектурата ти овозможува да создаваш простори кои ќе живеат со луѓето.
Дизајнирај, проектирај, инспирирај – светот чека на твојата визија!

Компјутерска техника и автоматика – Кодот на иднината!
Технологијата го движи светот – а ти можеш да бидеш неговиот архитект.
Програмирање, автоматизација, дигитални решенија – создавај системи што работат паметно.

Електротехничар за електроника и телекомуникации – Поврзувај го светот!
Од интернетот до мобилните мрежи – комуникацијата е основа на модерниот живот.
Биди инженер кој гради мостови помеѓу луѓе и технологии.
Твоето знаење ќе биде дел од глобалната конекција!
Нивните ученици споделија искуства, покажаа проекти и ги инспирираа идните генерации со својот ентузијазам и знаење.

Коментарите се затворени.