Осомничен полициски службеник од Гостивар, украл пари и злато запленети при извршени претреси
Гостивар, 4 јули 2025 – Еден полициски службеник е лишен од слобода под сомнение дека украл златен накит и пари вредни на 70 илјади евра кои требало да ги чува во шкаф во полициската станица. Предметите биле запленети при извршени претреси и потекнувале од кривични дела. Полицијата привела и еден златар поради помагање.
Полицискиот портпарол Фатмир Реџепи информираше дека вчера (03.07. 2025 година) во 17.50 часот дека е лишен од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
– Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во кримтехника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој појасни дека увид во објектот на Полициската станица Гостивар извршил јавен обвинител од ОЈО Гостивар, во присуство на увидната екипа и раководството на ОВР Гостивар.
Полицајците синоќа во 20:30 часот на улица „18-ти Ноември“ во Гостивар го лишиле од слобода и И.Ш.(32) од Гостивар. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „прикривање“ односно вршел откуп на украдениот златен накит.
– По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домови и помошни простории на Д.С. и И.Ш., при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци, вели портпаролот Реџепи.
згм
Коментарите се затворени.