Нови вработувања во гостиварската болница по локалните избори

Гостивар, 13 август 2023 – Новите вработувања во гостиварската болнива ќе реализраат по изборите, ова го кажа првиот човек на македонското здравство по посетата која се реализра со иницијативата „Мобилен кабинет“. Осевн со вработените, министерот за здравство, Азир Алиу денес оствари средби и со граѓани од Гостивар кои даваа забелешки и предлози за работата на медицинарите.

Во Гостивар се очекува вработување на 37 лица во сите дејности кои како што рече Алиу ќе бидат реализирани после локалните избори. Доколку во периодот на предизборието кога не се дозволени вработувања во јавниот сектор, се појави потреба, тој напомна дека министерството ќе вложи напори и ќе бара начин за да не остане некоја институција без лекар или медицинска сестра.

По средбата со вработените тој констатира дека потребите и проблемите на гостиварската болница се слични како и во другите јавни здравствени установи и се осврна критички кон досегашната работа во овој ресор.

– Има недостиг од медицинска опрема, слаба инфраструктура и персонал. Тоа е последица на лошата политика која се водела во овој ресор. Здравството е таков систем во кој мора да предвидувате, а не само да креирате политики. Предвидувањата треба да бидат на рок од над десет години, рече министерот за здравство, Изер Алиу по посетата на гостиварската болница.

Тој посочи дека планирања се неопходни, со оглед на како што рече, за создавање на еден лекар супспецијалист потребни се минимум 15 години. Според Алиу, состојбата со инфраструктурата и опременост е на многу пониско ниво од европското кон кое се стреми македонското здравство.

– Ние како министерство дефинитивно работиме да се постигнат стандардите во инфраструктурата на здравствените установи да бидат компатибилни со европските стандарди. Да бидам искрен, сите се под тие стандарди и затоа ќе работиме според приоритети и итно да делуваме каде што има потреба, рече Алиу.

По посетата на болницата имаше и средба со граѓани која беше организирана преку платформата „Отворен кабинет“, на интернет страницата на Министерството за здравство. Според министерот за здравство овие средби се корисни и на нив граѓаните имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем. На овој начин раководните луѓе од министерството добиваат директен увид во состојбите на јавните здравствени установи.

– На претходните средби, доаѓаат со нови идеи, кои што навистина се интересни и ги разгледуваме, но доаѓаат и со поплаки од типот: не го најдов докторот, ми рече дојди утре, дојди задутре. Случаите ги процесираме бидејќи се во наша надлежност. Исто така, има поплаки кои само ги препраќаме до надлежните институции од типот на мито и корупција, рече министерот.

Иницијативата „Мобилен кабинет“ се базира на теренска работа преку кој министерот и неговите соработници одат во посета на јавните здравствени установи низ државата и остваруваат подобра координација со медицинските работници и отворен дијалог со граѓаните. Претходно е реализирана посета на Клиничката болница во Штип и средби со граѓаните од тој регион.

 

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar