Над 200 деца поминаа низ „Летна школа 2025“

Гостивар, 11 август 2025 (МИА) – Со доделување на благодарници, на пригоден настан во спортската сала „Младост“ во Гостивар беше означен крајот на годинешното издание на „Летна школа 2025“ за учениците од основните училишта. Овој настан го организира локалната самоуправа по четврти пат.

Летната школа чија цел е цел низ повеќе воншколски активности да ги ангажира учениците на возарст од 7 до 14 години според нивните афинитети за спорт, уметност, јазици да поминат време низ меѓусебно дружење.

– На симболичен начин означуваме крај на активност во која учествуваа над двесте деца и нивни ментори. Се надевам дека идната година бројката ќе се зголеми. Летната школа значително помага во период кога децата се на распуст да бидат активни, а тоа да им биде од корист. Во време на развиена технологија и нејзино прекумерно користење, даваме можност децата на кратко да се отгрнат од неа и извесно време да поминат во спортување, играње шах, цртање, рече вд градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

Посебен интерес покажаа девојчињата кои со тренерите на ЖКК Гостивар се запознаа со тајните на „играта меѓу обрачите“ Овој клуб е вклучен „летната школа“ од самиот почеток и дава придонес во популаризацијата на овој спорт.

Годинава покрај откривање на спортовите: кошарка, ракомет, шах и цртање, како новина беше и организирањето на курсеви по албански јазик наменети за децата на иселениците.

Учеството на летната школа за учениците од основните училишта беше бесплатно. Покрај наставници, ангажирани се и спортски педагози кои низ активностите откриваат млади таленти од градот и околината во различни области.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar