Конечно: Четири ленти по булеварот „Браќа Ѓиноски“ од старата банка до судот

Гостивар, 20 август 2025 – Општина Гостивар продолжи со вложувања во патната инфраструктура која влијае врз подобрување на сообраќајот и движењето на граѓаните низ градското подрачје. Најновиот проект на кој се чека подолго време е проширувањето на булеварот „Браќа Ѓиноски“. Новото решение предвидува четири коловозни ленти, на потегот од кујната крстосницата кај „старата банка“ до мостот кај Основниот суд.

Од општината посочуваат дека зафатот со проширувањето претставува прва фаза од проектот. Првиот човек на општината потврди дека е постигнат договор за експропријација на еден објект во близина на општинската зграда. Со ова се создадени услови за започнување со градежните активности.

Старата куќа која ќе се руши за да се прошири коловозот по булеварот

– Во изминатиов период интензивно работевме на експропријација. Една од постапките што веќе ја завршивме е за објект на булеварот ’Браќа Ѓиноски‘, кој припаѓа на Урбан блок 2. Тоа ќе овозможи овој сегмент да се уреди како булевар со четири ленти, вели вд градоначалникот Лимани.

Како значаен проект кој ќе се реализира во наредниот период е просторот покрај железничката пруга. Експропријација е завршена и на објекти по улицата од која води од железничката станица до населбата Питарница.

Ваљбон Лимани вд градоначалник

– Ја завршивме и постапката за експропријација во Урбан блок 8, каде што се овозможува отворање на улицата од железничката станица во правец на пругата кон населбата ’Питарница‘. Паралелно со тоа, имаме и три други постапки за експропријација кои се во тек, со што ќе се отворат уште три нови улици. Има многу барања и ние се обидуваме чекор по чекор, едно по едно да ги решаваме овие проблеми со цел да им овозможиме слободно движење на нашите граѓани“, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

Од општинскиот буџет се издвоени над 300 илјади евра само за овие две експропријации. Освен на новите проекти, Лимани најави дека по прекинот на работите заради присуството на иселениците, ќе продолжат овој викенд. Во најава се и работите на други локации.

– Што се однесува до експропријацијата, верувам дека за месец до месец ипол ќе се завршат и административните процедури. Во текот на овој месец ќе се започне реконструкцијата на улицата „Панче Попоски“, два крака на „Мара Угринова“. За десетина денови ќе продолжат работите на главниот булевар низ населбата Малеарди, вели Ваљбон Лимани градоначалник на општина Гостивар.

   

Во септември ќе се работи на улицата кај селските гробиштата во Чегране и на реконструкција и поставување на канализација во Горна Бањица. Во периодот откако Лимани е вршител на должноста градоначалник во општината се завршени педесетина инфраструктурни проекти, меѓу кои и вложувања во училишта, градинки.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar