Александар прави уникатни „три-де“ слики и го спојува модерното со антиката

Гостивар, 20 август 2025 –  Гостиварецот Александар Радически е вљубеник во уметноста, а својата креативност ја искажува низ изработка на уникатни ТВОРБИ, предмети од дрво и дела во комбинација со природни материјали. Последната негова опсесија е колекционерството. Ја последува можеби единствената и по многу нешта уникатната колекција на телефонски апарати (ретро телефони). Овие неколку работи беа предизвик да поразговараме со него и да видиме што Александар има да покаже.

 

Тој на пошироката јавност и стана познат по неговите објави со уникатни творби, бил гостин на повеќе телевизиски емисии, а често се појавува и по конкурсите за поддршка и јавни настапи. Низ разговорот разбравме и кога родила љубовта кон уметноста и креативната работа и колекционерството. Тоа беше и првото прашање како вака различни области се вклопуваат и стануваат интерес на еден човек.

Александар на едно телевизиско гостување

Александар смета дека љубовта кон уметноста секој од нас ја носи со себе, а дали таа ќе прерасне во нешто поголемо и посериозно, зависи од креативноста и талентот на самата личност.

– Кај мене таа привлечност кон фотографијата и природата постоела од најрана возраст, но со текот на годините, постепено прерасна во пасија и хоби што се прошири на повеќе полиња: фотографија, изработка на тродимензионални слики (3 D) од камчиња, изработка на предмети. И украси од дрво кои сè повеќе стануваа интересни и за пошироката јавност. Оваа љубов кон уметноста, креативното творење, веројатно ќе остане со мене уште долги години, вели Александар.

        

   

Еден дел од неговите творби ги има изложено, а дел биле пријавени на конкурси за фотографија, телевизиски претставувања.

Особено интересна е неговата колекција од уникатни камчиња. Збирката брои над 25 илјади парчиња. Тие откако поминале „третман“ под неговите прсти стануваат декоративна тродимензионална слика. Секако таа содржи идеја која како автор ја има осмислено. А, се почнало непланирано, спонтано и од занимација.

 

 

                               

– Целата таа палета на разновидни камчиња почнав да ја класифицирам по разни основи: боја, форма, големина, состав. Самиот процес на собирање и класифицирање на камчињата, прерасна во друга фаза кога добив идеја на тие камчиња да им дадам една друга димензија, а тоа е изработка на декоративни 3Д-креации. Со тоа камчињата добија душа, изразена преку мојата креативност. Тие дела добија интересна и несекојдневна уметничка димензија што е присутна во многу домови на љубителите на таков вид уметност, вели Александар.

Овој гостиварец со уметничка душа покрај оваа, последува и уникатна колекција од стари предмети кои пак со причина ја имаат и придавката „ретро“ Таа почна да се создава од пред некоја година, кога и му се појави желба за собирање на антики и ретро-предмети.

– Поседувам 130 ретро телефонски апарати или популарно наречени „фиксни телефони“. Од разни места и земји и сè уште се функционални. Имам и такви кои датираат од периодот на Првата светска војна, па сè до поновите од осумдесеттите години на 20 век, појаснува овој колекционер.

 

Интересна е и неговата збирка на вистински старини. Најстарите парчиња потекнуваат од почетокот на 18 век. Во тие 350 парчиња има монети, часовници, лулиња, керамички, бакарни, сребрени, месингани предмети и многу предмети кои со својата патина сведочат за историјата која е зад нас.

Во разговорот разбравме и за една негова желба за која вели дека скоро ќе му се оствари: Наскоро гостиварци на изложба во Центарот за култура да се види повеќе од фотографиите кои ни ги отстапи.

Повеќе фотографии и какви дела има изработено овој уметник може да погледнете на неговиот ФБ профил. На линкот можете и да контактирате и да направите некоја нарачка

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.157653777600058&type=3

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar