КАРВАНОТ „МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ“ ДОАЃА ВО ГОСТИВАР

Гостивар, 16 септември 2025 – Со моќна порака, огромна љубов кон татковината и длабока почит кон музичкото наследство, утревечер (среда) на градскиот плоштад ќе дојде музичкиот карван на проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Меѓу песните кои ќе се изведат на сцената ќе биде и преработката на безвременската „Нема друга Македонија“. Ова песна нашишна на музика на Милан Завков, текст на Томислав Которчевиќ е со нов аранжман на Николче Мицевски, а ја изведуваат сите учесници во проектот.

Концертот е дел од патриотскиот карван кој ќе ги посети речиси сите поголеми градови во државата. Публиката ќе има ретка можност да ужива во жива изведба на најубавите македонски песни, отпеани од врвни македонски уметници и е проект сработен од Скендеровски продукција.

Во рамки на продолжението од проектот „Македонијо во срце те носиме“ публиката има можност да ужива во: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна“ (Александар Тарабунов) „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска) и „Ако умрам ил загинам“ (Наум Петрески).

На програмата Radio G (narodna) која се емитува он лајн, пред две недели беше премиерно пуштена и „Роде мој“ уште едно музичко дело во кое учествуваа сите учесници. Сите песни кои се дел од овој серијал се емитуваат секојдневно на RADIO G folk/narodna на онлајн платформите

Дојдете во среда навечер на плоштад за да уживаме во „Нема друга Македонија“ – затоа што навистина, нема друга. Почеток 20:00 часот

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar