„Биди кул – стани игроорец“ ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ започна со уписи на нови членови

Гостивар, 26 септември 2025 – Градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар, кое веќе 75 години претставува симбол во негувањето на македонскиот фолклор и традиција, ги отвора вратите за сите нови членови. Повикот е отворен за сите што сакаат да бидат дел од големото фолклорно семејство.

– „Биди кул – стани играорец“ е мотото со кое „Браќа Ѓиноски“ ги повикува сите љубители на играта, музиката и традицијата да се приклучат. Новите членови ќе имаат можност не само да научат ора и песни од македонското поднебје, туку и да стекнат пријателства, да се дружат и да патуваат, стои во повикот за упис. Претседателот на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“, Предраг Ристевски посочува дека ова е и покана до младите и повозрасните.

– Дајте придонес за зачувување на македонската културна ризница и станете дел од една богата приказна што трае повеќе од седум децении. Со многубројни настапи низ Македонија и Европа, друштвото е препознатливо по автентичниот репертоар, младешката енергија и генерациите кои низ децении ја продолжуваат истата мисија – зачувување и афирмирање на македонскиот фолклор, вели Ристевски.

Уписите се отворени за сите возрасти:

  • Детски ансамбл – сабота од 12:00 часот
  • Младински ансамбл – понеделник и среда од 19:00 часот
  • Сениорски ансамбл – четврток и недела од 19:00 часот

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar