Адеми ветува изградба на „аквапарк“ и возобновување на ФК Гостивар

Гостивар, 23 септември 2025 – Во рамките на предизборната кампања, независниот кандидат за градоначалник Висар Адеми на прес-конференција во близина на градскиот стадион изложи дел од неговата програма. Тој доколку победи на изборите ќе се залага младите да имаат повеќе пари за делување преку Младинскиот совет на општината. Втора точка на интерес е аквапарк за кој како што рече е ветен но не е изграден и го следат контроверзии. Според Адеми, тој ќе се залага да биде завршен до 2026 година, во транспарентен и инклузивен процес. Висар Адеми зборуваше за спорот особен за ФК Гостивар, за кој рече дека профункционира и ќе се врати во натпреварувачките лиги, а навивачката група „Кастриоти“, ќе бидат официјален дел од раководните структури на клубот.

Тој зборуваше за едно ветување дадено во 2018 година, од претходната владејачка гарнитура која најави дека Гостивар ќе има аквапарк. Адеми изрази сомнеж дека постапката за проектот не била транспарентна и дека над 64 илјади евра се потрошени за проект кој не постои.

– Нема изградба, нема реална работа – само празни ветувања. Ова не е само неисполнето ветување – ова е злоупотреба на нашата доверба и наши пари, рече Адеми.

Тој ја критикуваше општинската власт дека ветила реконструкција на градскиот стадион, но таа не била во целост реализирана и праша зошто ФК Гостивар е згаснат и како е извршена продажбата на акции на клубот.

– Клубот беше принуден да ги прекине своите активности, тежок удар за спортот во нашиот град. Ги прашувам јавно надлежните за спорт во Општина Гостивар, како го најдоа инвеститорот, како направија процена на акциите, каков механизам направија за заштита од злоупотреба на инвестициите.

Адеми на крај подвлече дека има информации кои официјално ги добил од Државната комисија за спречување на корупција, дека нема поднесено изјава за имотна состојба, што е, како што потенцира, обврска на избрани и именувани функционери.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar