Во станот каде што живееле двајца турски државјани, најдена дрога

Гостивар, 1 октомври 2025 (МИА) – Утрово  полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар. При претресот на местото кај што престојуваат  пронајдена е и одземена марихуана.
– Во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска  наредба извршен е претрес во домот во кој живеат , при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Доколку се докаже дека ја набавиле марихуаната на нелегален начин, на двете момчиња им се зе заканува депортирање и забрана за влез во Македонија
згм
Фото свр Тетово

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar