Уапсен турски државјанин, полицијата му нашла кокаин и марихуана
Гостивар, 4 октомври 2025 – Турски државјанин е уапсен откако полицијата при претрес на автомобил му нашле марихуана, а подоцна во домот каде што престојувал бил најдени извесна количина кокаин и предмети на кои имало остатци од наркотична дрога.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека, утрово околу три часот часот на улица ,,Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Џ.Ш.(24) од Р. Турција, кој се движел со патничко моторно возило ,,голф” со скопски регистерски ознаки, затоа што во возилото била пронајдена и одземена марихуана.
– По добиена судска наредба, во 09:30 часот утрово извршен е и претрес во дом и помошни простории во Гостивар, каде тој престојувал, и при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. По документирање на случајот, против Џ.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, наведува портпаролот Реџепи.
Коментарите се затворени.