КК „Шар Планина“ првиот натпревар го игра на гости наредната недела

Гостивар, 18 октомври 2025 – Новиот кошаркарски клуб „Шар Планина“ од наредната недла ќе започне во натреварувачки ритам. Првиот официјален натпревар овој клуб го игра на гостински терен на 25 октомври со екипата на Чаир. Од раководството на клубот нè информира дека играчкиот состав е комплетиран, а шефот на стручниот штаб Славиша Јанески – Цаци е задоволен од планираните подготовките.

– Во изминативо месец, најмноги се работеше на физичката подготвеност на играчите и паралелно се работи на таткичко техничките елементи во играта, велат од клубот.

Овој состав има амбиции да го внесе клубот во повисок ранг на натпреварување, во втора лига. Поголемиот дел се играчи кои потекнуваат од Гостивар, а дел направија трансфер, а дел се со двојни лиценци, наведуваат од клубот. Тренерот Јанески има поддршка и од Слободан Михајловски – Цобе, како биде помошник тренер и дополнително ќе помогне од клупата со советите и во креирање на играта.

„КК „Шар Планина“ е проект на група локални ентузијасти, љубители на играта под обрачите. Идејата е искрен обид да се врати жарот за спортот таму каде што отсекогаш припаѓал во најкошаркарскиот град во Македонија. Нашата визија е да изградиме тим кој ќе биде симбол на посветеност, локален дух и сплотеност. Со труд, страст и верба во играта, целиме повисоко, за градот, за кошарката, за заедницата, велат од Шар Планина.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar