Апел за помош на семејството Наумоски од Железна река
Гостивар 21 октомври 2025 – Семејство од гостиварското село Железна река се соочува со голем проблем и бара помош за да го обноват домот и да продолжат со нормален живот. Летово, на 21 август, пожар го уништи домот на семејството Наумоски, Ване – самохран татко, неговите деца Тони (14) и Стефанија (12), и мајка му Рада (76). Огнената стихија им одзеде речиси сé и останаа без ништо. Без покрив. Без кревет. Без детство. Без дом. Но, не и без надеж.

Сега имаат потреба од нас – од тебе, од мене, од сите нас. За да им се помогне во обновата на домот потребна е парична помош упатуваме апел:
Донирај ако можеш. Сподели го овој апел со други ако не можеш.
Да не остане ова семејство заборавено.
Да изградиме нов дом и нова надеж.
Во моментов се најпотребни градежен материјал и парични донации
💸 Донациска сметка:
👤 Рада Наумоска
🏦 Шпаркасе Банка АД Скопје
💳 250500021310986
📞 Контакт: Ване – 071 721 561

Коментарите се затворени.