ХЗГ „д-р Трајче Нешковски“ објави конкурс за покривање трошоци за престој на деца од самохрани родители

Гостивар, 13 ноември 2025 – Хуманитарното здружение на граѓани „д-р. Трајче Нешковски“ ја продолжува акцијата за покривање на трошоците за партиципација на деца од самохрани родители кои ќе се запишат во гостиварските градинки. За таа цел објавен е конкурс преку кој ќе може да пријават уште деца и кои ќе ги користат поволностите. Пријавувањето и доставувањето на документите ќе трае до 25 ноември.

Акцијата на ХЗГ „д-р Трајче Нешковски“ ќе се спроведува во соработка со ЈУДГ „Детска радост“. Потпишан е меморандум кој предвидува ослободување од плаќање на надомест за престој во ЈУДГ „Детска радост“ на редовно запишани деца на самохрани родители кои живеат на територијата на Општина Гостивар и имаат пониски приходи од просечната месечна нето-плата или се невработени.

Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца се:

  • Еден родителот е починат
  • Еден родителот е непознат
  • Дете од разведен брак

Подносителот на пријавата – самохран родител кој ги исполнува горенаведените критериуми, за остварување на правото за ослободување на плаќање надомест за престој на деца во ЈУГД „Детска радост“ Гостивар треба да ги приложи следните документи:

– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата

– Потврда за просечна плата на самохраниот родител за последните три месеци

– Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;

– Фотокопија од извод на матична книга на родени на детето

– Доколку едниот родител е починат, фотокопија од извод на матична книга на умрени

– Доколку родителите се разведени, доказ за престанок на брак

За да бидат прифатени пријавите, целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта [email protected], или со порака на Фејсбук страницата „Хуманитарно здружение на граѓани „др. Трајче Нешковски“ Гостивар“ или во запечатен плик на кој е назначено дека е за Јавен повик – за пројавување интерес за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈУДГ „Детска радост“ Гостивар, на адреса ул. Никола Парапунов бр. 207-3 Гостивар.

Изборот ќе го врши комисија, а предност ќе имаат самохраните родители кои се социјално загрозени или припаѓаат на дополнителна ранлива категорија. Оваа мерка ќе трае до исцрпување на средствата на здружението предвидени за таа намена. Родителите кои веќе ја користат ги користат поволностите од оваа акција не треба повторно да се пријавуваат, бидејќи проектот за нив продолжува без дополнителна постапка

За да се реализира оваа активност ХЗГ „д-р Трајче Нешковски“ Гостивар склучи меморандум за соработка со ЈУДГ „Детска Радост“ Гостивар, со кој ќе се обврза да ја преземе обврската за ослободување од плаќање на надомест за престој на редовно запишаните деца.

Повикот ќе трае 10 работни дена, односно до 25.11.2025 година.

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar