Конституиран новиот совет на општина Гостивар, попладне и првата работна седница

Гостивар, 14 ноември 2025 (МИА) – Откако им беа верифицирани мандатите на избраните советници и давање свечена изјава се конституира новиот совет на општина Гостивар. За претседавач е избран, Валдет Џафери кој доаѓа од редовите на коалицијата Национална алијанса за интеграција.

Тој во изјавата по изборот напомена дека ќе ја има поддршката од останатите членови на советот и дека како што нагласи, без оглед на политичка, етничка припадност ќе работат заедно во интерес на градот и граѓаните.

По последните локални избори, бројноста на членовите на советот на општина Гостивар се намали за осум односно од 31 на 23 советници.

Меѓу првите честитки за изборот и конституирање на советот стигна и од вд градоначалникот Ваљбон Лимани во која им порача при носењето на одлуките да покажат единство, а дебатите кои ќе се водат да бидат конструктивни и во интерес на граѓаните и општината.

По изборите, мандати во гостиварскиот совет освоија: Коалицијата предводена од СДСМ 1, Демократската партија на турците во Македонија (ДПТМ) 2, Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ 3, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ 5 и Коалицијата НАИ 12.

По конститутивната, новиот состав на советот попладнево ќе ја одржи и првата седница. На дневен се ред се развојната програма за наредната година и ребаланс на буџетот по што ќе се знае како партиите ќе коалицираат и поддржуваат политиките на локалната власт. Во Гостивар изборите за градоначалник не успеаа, бидејќи за 22 гласа не беше постигнат цензус, а Владата на РСМ планира да постави „повереник“ кој ќе раководи со општината до одржување на нови избори за градоначалник.

згm

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar