Ваљбон Лимани повторно во трка за градоначалник на повторените избори

Гостивар, 17 ноември 2025 – Актуелниот вршител на должноста градоначалник на општина Гостивар и кандидат на последните локални избори, Ваљбон Лимани ќе се кандидира повтрно. Ова го потврди на настан во Гостивар во одговорот на новинарско прашање по објавата дека се распишани повторените избори.

– Ние побаравме повторените избори за општините каде што немаше цензус да се одржат во декември и како краен датум да биде 28 декември. Но, во Државната изборна комисија го сметаат датумот кога завршува целиот изборен процес и согласно на тоа го одреди 11 јануари. Нема друго, роковите од денес почнаа да течат, а ние почнуваме со подготовки. Граѓаните на тој ќе го кажат својот збор. Јас повторно ќе бидам кандидат, рече Лимани.

Тој посочи дека имале забелешка на толкувањето околу терминот и нагласи дека очекувале терминот да биде според објавувањето на конечните резултати во четирите општини каде што немаше доволна излезност, односно 29 октомври.

Лимани беше кандидат на коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) и освои 61,39%, односно 16.949 гласови и не победи во првиот круг, бидејќи му недостигаа 22 гласа за да се исполни цензусот.

згм

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar