Во ОСТУ Гостивар одбележан празникот 8 Декември – Свети Климент Охридски
Гостивар, 5 декември 2025 – Во пресрет на државниот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски, во средното техничко училиште Гостивар се одржа пригодна свеченост со која се потсети на важноста на делото на големиот учител и просветител.

Програмата за одбележување на раѓањето на Св. Климент Охридски ја подготвија учениците и нивните ментори од активот по македонски јазик. Тие и годинава, низ богата програма го одбележаа раѓањето на овој просветител која исклучително важен во македонската историја.

Во холот на училиштето беа изведени рецитали и драматизација на житието со кои се потсети на значењето и бесценетост на делото на Свети Климент и пренесена пораката дека знаењето е во срцето што сака да научи.
Помошник директорот на ОСТУ Гостивар, Марјан Пачавроски во говорот упати честитки по повод празникот
– Свети Климент беше учител кој веруваше дека знаењето има сила да нè издигне, да нè поврзе и да нè направи подобри луѓе. Таа мисла е особено важна за сите нас денес, рече Пачавроски.

Пред учениците, наставниците и гостите, беа прочитани поетски творби, а свеченоста беше дополнета со настапот на членовите на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ кои изведоа дел од нивната концертна програма.

Празнувањето 8 Декември е традиционална манифестација која се организира во ОСТУ Гостивар
Коментарите се затворени.