Расчистена тешка кражба во Гостивар – три жени украле пари и злато вредни 65 илајди евра
Гостивар, 21. декември 2025 – Две гостиварки и една тетовка се осомничени дека украле пари и златен накит со вредност од 65 илјади евра. Кражбата е пријавена минатата недела, а украдените предмети се најдени кај една од осомничените.
Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, вчера попладне (20.12.2025 во 18:20 часот), полициски службеници од ОВР Гостивар, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар, а подоцна, од слобода била лишена и Н.И. (24) од Тетово.

– За нив им основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот, рече портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Коментарите се затворени.