Ваљбон Лимани ги претстави мерките за поддршка на младите, учениците и семејствата
Гостивар, 2 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори, Ваљбон Лимани на прес-конференција претстави пет мерки кои ќе почне да ги спроведува по преземањето на функцијата. Тие мерки се во облик на финансиска поддршка семејствата, младите, жените и повозрасните членови на семејствата
– Покажавме дека знаеме како да ги спроведуваме одлуките. Минатата година издвоивме 100 евра за секое семејство со новородено дете и ќе ја продолжиме оваа мерка и оваа година, рече Лимани.
Кандидатот за градоначалник, кој на овие избори е поддржан од Националната алијанса за интеграција (НАИ), кажа дека младите ќе главен приоритет во неговата програма и нагласи дека оваа година 30 стартапи креирани од млади ќе добијат поддршка од по 60 илјади денари. На тој начин, како што рече, инвестирањето во младите е инвестирање во иднината на Гостивар.
Жените кои ќе почнат некоја бизнис идеја и ќе почнат да стопанисуваат, ќе добијат дополнителна поддршка од општината.
– Развојот не може да биде целосен без јакнење на жените. Секоја година, триесет, жени и девојки ќе бидат финансиски поддржани за нивните деловни иницијативи, рече Лимани.
Лимани го презентираше и проектот за пензионирани баби и дедовци кои ќе ги чуваат внуците и за нивниот ангажман тие ќе добиваат еднократно по 30 илјади денари. Во правец на поголема безбедност во училиштата е ќе биде воведена нова активност.
– Во секое училиште, ќе ја спроведеме програмата „Амбасадори на безбедност и почит“ во секое училиште. На тој начин учениците ќе се заштитат едни со други и ќе градат училишта без малтретирање, рече кандидатот за градоначалник Ваљбон Лимани.
Според Лимани овие мерки не се ветувања, туку конкретен план за акција за пофер и поразвиен Гостивар.
Коментарите се затворени.