Во Гостивар се гласа за градоначалник
Гостивар, 11 јануари 2026 – Во општина Гостивар, денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи.
Гласањето почна во 7:00 часот, а избирачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии.
Коментарите се затворени.