Невзат Бејта: Денес е празник за Гостивар

Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори го оствари гласачкото право и повика на поголема излезност. Тој на гласање во ООУ “Единство” дојде со семејството
 Денеска со моето семејство ја исполнивме обврската како граѓани, гласавме за доброто на нашиот град. Денес е најубавиот, најдобриот ден за сите граѓани на Гостивар. Ги повикувам да излезат граѓаните и да гласаат за иднината на својот град. Мислам дека денес ќе имаме голем празник во интерес на нашите граѓани, изјави Невзат Бејта

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar