Ваљбон Лимани: Очекувам мирен изборен ден и да славиме победа

Гостивар, 11 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата Национална алијанса за интеграција, Ваљбон Лимани го оствари гласачкото право и гласаше на избирачкото место во ООУ „Единство“.

– Денес гласав со моето семејство. Ова изборен ден е, бериќетен со снег и се надевам дека ќе помине во мирна, фер и демократска атмосфера. Според нашите анализи кои сме ги направиле на крајот од изборниот ден се надевам дека ние ќе славиме, изјави Ваљбон Лимани.

Тој е кандидат на НАИ на повторните избори исто како и во првиот круг на локални избори. Тој имаше голема предност пред другите кандидати и заради недоволната излезност гласањето се повтори.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar