Покана за присуство на Водици во Стенче
Гостивар 15 јануари 2026 – Црковно настојателство од селото Стенче и оваа година упатува покана до православните христијани да дојдат и помасовно да го прослават празникот Богојавление – Водици.
Во продолжение во ја пренесуваме во целост соопштението испратено до јавноста
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
ТЕТОВСКО-ГОСТИВАРСКА ЕПАРХИЈА
МИЛЕТИНСКА ПАРОХИЈА
ЦРКОВНО НАСТОЈАТЕЛСТВО СВ ИЛИЈА СЕЛО СТЕНЧЕ
С О П Ш Т Е Н И Е
По повод празникот Богојавление – Водици на ден 19.01.2026 година ке се изврши голем Богојавленски водосвет и спуштање на чесниот и животворен крст во реката Вардар во село Стенче со почеток во 10 часот. По тој повод ве покануваме што помасовно да присуствувате на овој свет и голем празник.
БОГ СЕ ЈАВИ И ЗА МНОГУ ГОДИНИ!
Со почит Црковно настојателство село Стенче

Коментарите се затворени.