ОИК на Ваљбон Лимани му го врачи уверението за градоначалник
Гостивар, 16 јануари 2026 – На пригодна церемонија која ја организираше Општинската изборна комисија (ОИК), на Ваљбон Лимани, кандидатот кој освои најмногу гласови на повторените избори, денес попладне му беше врачено уверението за градоначалник на општина Гостивар. По оваа формалност Лимани и официјално е прв човек на локалната самоуправа. Првите честитки стигнаа од членот на ОИК Гостивар, Славче Димоски.

Во полната сала на советот на општина Гостивар, Лимани најави дека ќе се ангажира и функцијата ја прифаќа со голема одговорност пред граѓаните и ќе ја врши чесно за време на четиригодишниот мандат.
Покрај претседателот на ОИК, Газменд Јашари поздравни обраќања имаа и претставници двете најголеми верски заедници, на политичките партии. Честитки упатија за изборот и успешна работа упати архијерејскиот намесник на гостиварското архијерејско намесништво, Марјанчо Мадевски и претставникот на гостиварската муфтинијата, Мазлам Зендели:

Поздравни обраќања имаа првиот градоначалник Енвер Зенку и сопатријецот и претходник Арбен Таравари. Од име на новиот состав на општинскиот совет честитки упатија: Мартин Андоновски од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Зафироски од СДСМ, Ерсин Ќерала од ТДП демократска партија, Исак Љазами од Алијанса за Албанците и Таљат Џафери од ДУИ.

згм
Коментарите се затворени.