Вработен во суд, осомничен за примање поткуп
Гостивар, 21 јануари 2026 – Лице кое e вработено во Основен суд Гостивар синоќа е задржан во полициска станица под сомнеж дека барал мито за да избрише казна. Случајот го пријави новинарот Невриј Адеми кој видеото со комуникацијата со осомничениот го објави на социјалните мрежи.
Од СВР Тетово информираат дека вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше.
– Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило од шест месеци, тврдејќи дека документите пристигнале кај него за извршување и дека може да му заврши работа, вели Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.
Реџепи појаснува дека Н.А. во име на неговиот другар го побарал А.Ј. и договориле средба во угостителски објект во Гостивар, а откако се сретнале го информирал дека е новинар и дека снима, по што А.Ј. се обидел да се оправда дека се шегува и се обидел да побегне. А.Ј. е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Коментарите се затворени.