Во недела ЖКК Гостивар ќе ХУМАНИТАРЕН НАТПРЕВАР
Гостивар, 29 јануари 2026 – Една од најуспешните спортски екипи во нашиот град, ЖКК Гостивар организира хуманитарен натпревар во кошарка. Освен борбеноста, лавиците на Кире-Мурињо овој пат ќе ги покажат на дела нивната солидарност и хуманост. Девојките закажаа во недела на (01.02.2026) во 13 часот натпревар со екипата на РИНИА од КУМАНОВО

Во најавата на мечот стои: Овој натпревар има една цел – помош за опожареното семејство во с. Железна Река. Спортот нека биде глас на солидарноста и човечноста. Во салата ќе бидат поставени кутии за донации, каде секој ќе може директно да придонесе. Секое присуство значи поддршка. Секој денар значи надеж. ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до целиот тим и посебно до тренерот Кире Анастасоски, за срцето, хуманоста и поддршката.
Дојди. Поддржи. Помогни. Заедно сме посилни!! Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Младост“ – Гостивар.

Коментарите се затворени.