Виктор Петков ќе скија на Олимпијадата во Италија

Гостивар, 2 февруари 2026 – Еден од најуспешните гостиварски спортисти Виктор Петков е дел од олимписки тим кој ќе ги брани боите на Македонија на претстојните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина (6 – 22 февруари). Од првичните контакти со неговиот тим извесно е дека ќе настапи во трката во велеслалом, а за слаломската ќе се одлучи дополнително.

Учеството на Петков на зимската олимпијада го објави Македонскиот олимписки комитет (МОК) денес на прес-конференција на официјалното претставување на македонскиот олимписки тим. Викор Петков е член на ски клубот „Сноу спорт клуб“ и има постигнато значајни резултати.

– Се надевам на добар резултат и настап и на овие зимската олимпијада. Честа е голема да се биде дел државна репрезентација, а со тоа и одговорноста, рече Петков за неговиот прв настап на олимписки игри.

Досега, тој учествувал на пет Светски првенства во скијање, на знаќајни меѓународни купови и првенства. Негова специјалност се техничките дисциплини.

Од неговиот тим потврдија дека Виктор ќе настапи на велеслаломската трка на 14 февруари. Годинава имаше добри резултати на натпреварите во на Јахорина и Купрес БиХ. Виктор Петков е втор олимпиец од Гостивар, пред него на најголемиот меѓународен спортски настан учествувал Дарко Дамјаноски кој три учества (2006, 2010 и 2014 година) во нордиско скијање.

Македонскиот олимписки тим е составен од Јана Атанасовска, која ќе се натпреварува во слалом и велеслалом; Виктор Петков, исто така ќе настапи во алпските дисциплини, потоа Ставре Јада, најискусен член и ќе има настап на трети ЗОИ, ќе се бори на трките спринт и 10 км интервал старт и Ана Цветановска по својот настап во Пекинг, ќе ја претставува Македонија и во Италија, во спринт и 10 км интервал старт.

Од Олимпискиот комитет не кажаа зошто Мирко Лазарески нема да биде во олипискиот тим иако претходно беше најавен.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar