При претрес во домот на гостиварец најдена марихуана
Гостивар, 5 февруари 2026 – При полициски претрес, во Гостивар, пронајдена е наркотична дрога, по што едно лице е лишено од слобода.
Од СВР Тетово информираат дека на 05.02.2026 во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Б. (34) од Гостивар. Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана. Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Коментарите се затворени.