Гостивар 10 февруари 2026 – Вечерва во Гостивар и околината се почувствува земјотрес и внесе вознемиреност кај жителите во овој регион. Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, во 22 часот и 5 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје. Јачината според мерењата по Рихтерова локална магнитуда изнесува 4.6.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар, Скопје IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Коментарите се затворени.