Општината планира да постави 200 контејнери на триесетина локации низ градот

Гостивар, 27 февруари 2026 – Според предлог планот на локалната самоуправа, комуналното претпријатие треба постави околу 200 контејнери низ градското подрачје на постоечките, но и нови локации. На денешната седница, членовите на општинскиот совет дадоа поддршка и го изгласа Предлог план за поставување на контејнерски пунктови во градот Гостивар.

Општината планира да воведе и пилот-проект од три месеци со ограничен пристап до контејнерите. Според најавите, на одредени места ќе се постават контејнери со заклучување, како би се избегнало во нив да се одлага смет од други населби и региони. Резултатите од пробниот период, како што беше кажано треба да дадат појасна слика за навиките на граѓаните и решенија за понатаму.

Според Сафет Асани, претставникот на локалната самоуправа кој работел на подготовка на планот, одредени се локациите, односно местата на кои ќе стојат контејнери за собирање на комунален смет и примарна селекција на отпадот.

– Со оглед дека градот се шири, предвидени се 35 локации на кои ќе се поставуваат контејнери со капацитет од еден до два кубни метри. На некои од овие локации ќе има посебни контејнери за собирање на метал, пластика и хартија. Според првичните анализи, можно е бројот на локации да се зголеми и до 45, рече Асани

Во дискусиите на советниците беше потенцирано да се поведе повеќе сметка за начинот на кој граѓаните ќе го одлагаат сметот. Од локалната самоуправа беше побарано да ги активира, комуналните инспектори и зачестено да го следат фрлањето на смет, па дури и да казнуваат.

Меѓу другото, советникот од редовите на СДСМ, Бојан Зафироски посочи на потребата од поставување на корпи за отпадоци по тротоарите, со би се придонело за поголема чистота низ градското подрачје.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar