КК „Гостивар 1954“ доби поддршка од 30 илјади евра, за другите спортски клубови ќе се решава на наредна седница на Советот.

Гостивар, 27 февруари 2026 – Кошаркарскиот прволигаш КК „Гостивар 1954“ ќе добие финансиска поддршка од општината. Советниците едногласно го прифатија барањето на клубот на денешната петта седница на Советот на Општина Гостивар. Со одлуката, како што беше кажано на седницата, клубот ќе добие 2 милиони денари, парите се предвидени во општински буџет во соодветна ставка.

Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Нанчески побара на дневен ред како дополнителни да се стават и точки со кои ќе се доделат пари (по 300 илјади денари) на Ски клубот „Сноу спорт“ и младинскиот фудбалски клуб „Пролетер“.

Нанчески барањето го образложи дека парите се потребни за настапите на младите фудбалери во државна детска лига во три категории. Скијачите пак бараат од општината бараат финансиска поддршка за нивниот член Виктор Петков кој годинава настапи на Зимските олимписки игри.

Во дискусијата беше констатирано дека има процедурални пропусти при приемот на барањата и за да се избегнат грешки при носењето на одлуката, претседавачот, Валдет Џафери предложи овие барања да се процесуираат уште еднаш и да се разгледаат во Комисијата за финансии, па за одобрување да се зборува на наредната седница на советот. Предлогот беше прифатен и на дневен ред да биде наредниот месец.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar