Во недела се игра ракометно дерби: Јехона го пречекува Вардар Неготино
Гостивар, 27 февруари 2026 – Во рамки на ракометното првенство Прва лига, гостиварскиот клуб „Јехона“ го пречекува Вардар од Неготино. Натпреварот е дерби на колото и исклучително важен за гостиварци.
– РК Јехона оваа сезона има само еден пораз на домашен терен и моментно се наоѓа на 7-мата позиција на табелата со 16 бодови. Во овие околности ова дерби дополнително добива на тежина.
Од управата на клубот очекуваат поддршка од трибините, бидејќи како што велат ова ќе биде значаен натпревар, за кој ќе се борат до крај за победа и ќе биде привлечен за љубителите на спортот и спортско навивање. Натпреварот ќе се одигра на 1 Март (недела) со почеток во 20:00 часот во Спортската сала „Младост“.

Коментарите се затворени.