Дедо во мерцедес „нагазил на гас“ полицијата му измерила 174 км на час

Гостивар, 2 февруари 2026 – Повозрасен вруточанец бил приведен, откако на автопатот бил запрен од полицијата. При контрола на брзината било утврдено дека со автомобил „мерцедес“ возел повеќе од двојно од дозволената брзина.

Од СВР Тетово информираат дека вчера попладне (01.03.2026 во 17:10 часот), на автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода З.Н. (72) од Вруток.

– При извршена сообраќајна контрола било констатирано дека лицето управувало патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од СВР Тетово.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar