Гостивар, 9 март 2026 – Музичкото дуо D’Reamers ја најавува промоцијата на нивниот деби албум пред гостиварската публика и упатува отворена покана до сите љубители на музиката и хуманисти. Настанот е закажан за 12 март (четврток) во „Baby Blue“ во Гостивар.

Ви ја пренесуваме поканата Синиша и Џејмс во целост:
„D’Reamers Ве покануваат да присуствувате на промоцијата на нивниот прв музички албум, која ќе се одржи во „Бејби Блу“, Гостивар, со почеток во 19:30 часот. Настанот ќе биде можност за прво јавно претставување на албумот пред домашната публиката, како и за блиска средба и разговор со членовите на D’Reamers. Во текот на вечерта присутните ќе имаат можност во живо да слушнат дел од композициите од новиот албум, како и да дознаат повеќе за процесот на неговото создавање. Вашето присуство ќе биде од големо значење за споделување на оваа нова музичка приказна која е од хуманитарен карактер со цел да се запознае и пошироката јавност.
Ве очекуваме!
Во февруари D’Reamers имаа повеќе гостувања на телевизии и радиостаници и ја заинтересираа јавноста со нивниот хуманитарен приод за промовирање на нивното „музичко првенче“. Средствата од продажбата на албумот се наменети за хуманитарни цели. Првиот тираж на албумот беше наменет за купување на домашни апарати за социјално загрозени семејства.
“D’reamers за еден ден обезбедија домашни апарати за три социјално загрозени семејства”
Коментарите се затворени.