Привршува реконструкција на улицата „212“ во Гостивар

Гостивар, 12 март 2026 (МИА) – Реконструкцијата на улицата „212“ е во завршна фаза и се поставува асфалтен слој на коловозот, рече градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани по увидот на работите во населбата Малеарди и најави дека наредната недела ќе продлжи реконстркцијата на булеварот.

Лимани посочи дека станува збор за проект за реконструкција на сообраќајница во должина од околу 400 метри и опфаќа поправка на дел од тротоарите. Со завршувањето на работите, во овој дел на градот ќе има побезбеден сообраќај.

– Се работи по најдобри стандарди и се користи нова метода со поставување на мрежа „геогрид“, со што трајноста на асфалтниот слој ќе биде подолга. Вака уредена улица многу ќе помогне за граѓаните во населбата Малеарди, но исто така и ќе го растовари сообраќајот по булеварот „Браќа Ѓиноски“ кој води од влезот на градот, рече Лимани.

Вредноста на овој зафат е околу 11 милиони денари.

Според него, деновиве ќе продолжи и реконструкцијата на булеварот кој е една најдолгите и најзначајните сообраќајници во Гостивар, која започна минатата есен.

– На последната средба со претставници на операторот беше договорено работите да почнат оваа недела, но заради објективни причини се одложи за наредната, рече градоначалникот Лимани.

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar